Од вкупниот број, 3.985 луѓе се евакуирани од опколениот град Мариупол во градот Запорожје.

Објавил: Перо Милчин | 21 март, 2022 5:52

Украина: Евакуирани 7.295 луѓе, се праќаат 50 автобуси во Мариупол

Фото/Текст извор: ©мгазин.мк

Од украинските градови вчера преку хуманитарни коридори  беа евакуирани 7.295 луѓе, изјави потпретседателката на украинската Влада, Ирина Верешчук.

Таа истакна дека функционирале четири од седумте планирани рути.

Од вкупниот број, 3.985 луѓе се евакуирани од опколениот град Мариупол во градот Запорожје.

Украинската Влада планира утре да испрати речиси 50 автобуси во Мариупол за натамошна евакуација, додаде Верешчук.

Училиште во Мариупол во кое имало 400 луѓе било бомбардирано од руската армија, соопштија украинските власти. Во објава на Телеграм, градскиот совет наведе дека училишната зграда е уништена, а многу цивили останале под урнатините.

Според официјалните лица, во ова училиште се криеле жени, деца и стари лица. Сè уште нема извештаи за загинати. Украинскиот претседател руските напади врз опколениот град Мариупол ги нарече акти на терор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.