Како што претходно изјави претставник на украинските безбедносни служби се очекува наскоро ирански истражител да ја посети Украина кој треба да процени дали украинската лабораторија е адекватна за декодирање на црните кутии.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јануари, 2020 12:36

Украина: Иран да ги предаде црните кутии од соборениот авион

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Црните кутии од соборениот украински авион да се предадат на Киев, денеска ова од иранските власти го побара канцеларијата на украинскиот државен обвинител и безбедносната служба. 

Како што претходно изјави претставник на украинските безбедносни служби се очекува наскоро ирански истражител да ја посети Украина кој треба да процени дали украинската лабораторија е адекватна за декодирање на црните кутии.

Украински „Боинг 737“ во кој се наоаѓаа 176 лица, се урна по полетувањето од техеранскиот аеродром. Авионот е произведен во 2016 година, а компанијата го презеде директно од фабрика. Авионот го поминал последното редовно техничко одржување на 6 јануари 2020 година.

Александар Рувин,  шефот на истражувачкиот Институт за форензичка експертиза од Киев, претходно истакна дека двете црни кутии кои беа пронајдени во авионот во кој загинаа над 170 патници ќе бидат декодирани во Украина и дека тоа ќе го стори група меѓународни експерти.

По враќањето од Техеран Рувин кажа дека процесот на декодирање на црните кутии ќе почне на 20 јануари , пренсе Тасс.

На местото на несреќата беа пронајдени две црни кутии но директорот на Иранската организација за цивилно воздухопловство Али Абеџедех изјави дека тие нема да бидат предадени на производителот на авиони Боинг.

Авионот се урна само неколку часа откако Иран изврши ракетен напад врз две бази во Ирак каде се сместени американските сили, во знак на одмазда за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.