Иранските службеници рекле дека техничките проблеми се одговорни за падот на авионот на украинската компанија, кој се урнал непосредно по полетувањето од меѓународниот аеродром "Имам Хомеини", при што загинале сите 176 патници и членови на екипажот.

Објавил: Весна Петровска | 8 јануари, 2020 21:53

УКРАИНСКИОТ АВИОН ГО ПОГОДИЛ ПРОЕКТИЛ: 176 патници ни криви ни должни го изгубија животот!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Се поголеми се сомнежите во проценката на Иран дека авионот на украинската авио-компанија утрово се урнал по проблемите со моторот, а независните експерти наведуваат дека, најверојатното објаснување е дека леталото било соборено со проектил, пишува британскиот дневник “Independent”.

Иранските службеници рекле дека техничките проблеми се одговорни за падот на авионот на украинската компанија, кој се урнал непосредно по полетувањето од меѓународниот аеродром “Имам Хомеини”, при што загинале сите 176 патници и членови на екипажот.

Украинската амбасада првобитно во соопштението објавија сличен став, кој подоцна го променила и навела дека официјалната комисија ќе ја утврди причината за несреќата.

Некои експерти тврдат дека е премногу рано за шпекулации, но Групата за следење на ризици во воздушниот сообраќај “OPS” препорачува дека почетната претпоставка ќе биде авионот е соборен, додека нема појасни докази за нешто друго.

Групацијата притоа укажала на фотографиите од местото на несреќата на кои, како што се наведува, на остатоците и крилото на авионот се гледаат дупки од проектил.

Украинската компанија во чија сопственост бил авионот, исто така ја отфрлила можноста за технички проблеми и инсистира на тоа дека дека “Boeing 737-800”, кој бил стар три години, бил исправен и дека пред два дена ги минал редовните технички проверки.

Иран соопштил дека нема да ја предаде црната кутија од авионот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...