Во последното обраќање до нацијата, украинскиот претседател побара од западот допполнителни количини оружје и тенкови предупредувајќи дека во моментов е невозможно да се спаси државата без оклопни возила и авиони.

Објавил: Мартин Попоски | 27 март, 2022 19:25

УКРАИНЦИТЕ НА РАБ НА ПРЕЖИВУВАЊЕ

Фото/Текст извор: ©тв 24/магазин.мк

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја  повика европската заедница да престане да се плаши од Москва и да и помогне на земјата во борбата со Русија.

Во последното обраќање до нацијата, украинскиот претседател побара од западот допполнителни количини оружје и тенкови предупредувајќи дека во моментов е невозможно да се спаси државата без оклопни возила и авиони..

„Ние се бориме не само за слободата на Украина, туку и за слободата на Европа. На Украина ѝ треба само 1% од вашите тенкови и авиони, не бараме повеќе. Што прави НАТО? Чекаме веќе 31 ден. Кој е главен во евроатлантската заедница? Да не е Русија? Дали толку ѝ се плашите на Москва?“ – изјави Володимир Зеленски претседател на Украина.

Денеска ќе се отворат нови хуманитарни коридори. Според вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук тие ќе бидат наменети за жителите на регионите Луганск и Доњецк но ќе ги вклучуват и луѓето што го напуштаат Мариупол со автомобили. Во меѓувреме, продолжуваат гранатирањата на руската армија ..Киев, Харков, и останатите градови низ државата повторно беа цел и во изминатата ноќ.

„На секој 10 минути можевте да видите некој авион. Постојано мислевме дека ние ќе бидеме следната цел. Претпосртавувам и дека нашит систем за против  воздушна опрема беше некаде во близина. Секој пат кога ќе погодеа некоја цел, се слушаше силен звук.“ – вели Наталија жител на Мариупол.

„Не сум видела нешто такво досега. Мариупол веќе не постои. Нема болници, нема театар, нема галерии.“ – изјави Светлана Кузнецова жител на Мариупол.

Градоначалникот на Чернихев, градот на северот од државата кој е целосно опколен од руските сили, стравува дека ги чека истото сценарио како и Мариупол, кој веќе со недели постојано е гранатиран од руската војска.

Од Руската армија велат дека во последниот напад врз Лвов, бил уништен магацин за гориво кој го користела украинската војска. Покрај ова, погоден бил и арсеналот ракети С-300 и системот за воздушна одбрана во близина на Киев.

Лидерот на сепаратистите во Луганск, најави дека во наскоро, самопрогласената република, би можела да одржи референдум за приклучување кон Русија.

„Мислам дека во блиска иднина ќе се одржи референдум на територијата на републиката. Народот ќе го искористи своето најголемо уставно право и ќе го каже своето мислење за приклучување кон Руската Федерација.“ – изјави Леонид Пашечник.

Во пораката која ја упати до руските војниците кои се на фронтот во Украина, Владимир Путин ги предупреди војниците дека борбата вклучува зголемен ризик, но дека Русија сепак на крајот ќе биде победник.

„Другари, борбените услови вклучуваат зголемен ризик. Свесен сум како се држите во оваа ситуација: исклучително храбри и професионални, стручни и бестрашни, компетентно и прецизно ги исполнувате најсложените задачи.“ – изјави Владимир Путин претседател на Русија.

А по изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека Путин не може да остане на власт, шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен вели дека САД нема стратегија за промена на режимот во Москва а поентата на Бајден била дека на Путин не смее да му се дозволи да има власт над соседите или во регионот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.