Пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да се собираат луѓето, а низ градот е забележано зголемено полициско обезбедување.

Објавил: Перо Милчин | 25 април, 2021 11:33

Улиците преполни, народот бара слобода: Протест пред Влада поддржан од ВМРО-ДПМНЕ за осудените за 27-ми април

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во моментов започна протестот за поддршка на на осудените од нападот во Собранието кој се случи на 27 април, 2017 година.

Пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да се собираат луѓето, а низ градот е забележано зголемено полициско обезбедување.

ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на сенародниот протестен марш за слобода за Уставобранителите кој започна денеска со почеток од 11 часот пред Влада, од каде ќе се продолжи кон Собранието на Република Македонија!

-Правда за Уставобранителите! И еден ден во затвор како неправедно осуден е тежок како година. Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации. Уставобранителите се во затвор, а полицијата на Спасовски им дава закрила на ИСИС, турската, српската, албанската и италијанската мафија. Тоа значи дека е изгубено секое мерило на праведно расудување и секоја неправда мора да се исправи, истакнуваат од опозицијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани