Тој од овошјето, односно од уметничкото дело кое неодамна е продадено, направил последна вечера. Уметничкото дело Маурисија Кателина (банана залепена со трака на ѕид) ја извадил и ја изел, а сето ова го фатила камерата.

Објавил: Весна Петровска | 8 декември, 2019 17:50

УМЕТНИК ЗАЛЕПИ БАНАНА НА ЅИД И ЈА ПРОДАДЕ ЗА 120.000 ДОЛАРИ: Потоа негов колега ја ИЗЕДЕ – реагираше и обезбедувањето!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Давид Датун, уметник и професор од Њујорк изеде банана од 120 илјади долари на саемот за уметници Арт Басел во една галерија во Мајами.

Тој од овошјето, односно од уметничкото дело кое неодамна е продадено, направил последна вечера. Уметничкото дело Маурисија Кателина (банана залепена со трака на ѕид) ја извадил и ја изел, а сето ова го фатила камерата.

Бананата е купена во супермаркет во Мајами и залепена со парче сив селојтеп трака.

Основачот на галеријата Емануел Пертин рекол за CNN дека бананата е симбол на глобалната трговија, како и дека често се користи за потреба на хумор.

– Беше слатка, рекол Датун за Њујорк пост. На прашањето дали била подобра од обична банана тој рекол: „Нормално. Можам да ја изедам бананата и концептот на бананата бидејќи јас сум уметник, а не обичен човек, додал намиѓнувајќи.

Датун продолжил да се шали и рекол: „Еден уметник јаде друг уметник. Забавно е “. Овој перформанс го нарече „Гладен уметник“.

Управата на галеријата тврди дека уметничкото дело и понатаму живее.

– Не ја уништи работата, рекол ПР на галеријата Лусијан Терас за Миами Хералд додавајќи дека бананата е идеја. Туку и дека нормално и ќе ја заменат, а колекционерот и онака купува сертификат на автентичност, пренесува Фокс њуз.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.