Министерството за одбрана на Унгарија нарача нови 44 тенкови " Леопард 2А7 " и "24 хаубици " со што на тој начин,ги модернизираше вооружените сили.

Објавил: admin@magazin | 21 декември, 2018 7:12

Унгарија купи нови воени тенкови во вредност од 565 милиони долари

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Унгарија почна голема модернизација на вооружените сили во рамките на која ќе купи 44 нови тенкови и 24 хаубици од германската компанија Krauss-Maffei Вегман (KMW).

Магазинот Јанез пренесува дека договорот меѓу Министерството за одбрана на Унгарија и KMW бил потпишан во средата во Будимпешта. Унгарците за најновите варијанти на 44 тенкови „Леопард 2A7 и 24 самоодни хаубици PzH 2000 одвоија 565 милиони долари.

Тенковите првпат биле замислени и произведени од страна на британската војска за време на Првата светска војна, со цел да се скрши застојот предизвикан од рововската војна; тоа требало да им овозможи на војниците да се пробијат низ територија контролирана од непријателски оган побрзо отколку пешадијата. Тенковите ретко оперираат самостојно, тие се организирани во борбени единици, најчесто комбинирани, без таква поддршка тенковите се ранливи на противтенковска артилерија, други тенкови, противтенковски мини, и (на мал досег) пешадија, како и од специјализирани противтенковски авиони. Тенк Леопард 2А7

Пред една недела тие нарачаа 16 повеќенаменски хеликоптери H225M произведени од Ербас, чија цена достига и од 20 милиони по летало,
Виктор Орбан ги реализираше своите идеи и планови набави голема модернизација на вооружените сили.
Па така копнената војска има само 34 Т-72 тенкови во активна служба, додека 130 се во резерва. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести