Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен во текот на денот рече дека снабдувањето со сурова нафта од Русија ќе биде забрането во рок од шест месеци, а проиводите од рафинерија до крајот на годината.

Објавил: Едмонд Бекири | 5 мај, 2022 7:01

Унгарија најави вето на европското ембарго на увоз на руска нафта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Унгарија нема да го поддржи предлогот на Европската Унија (ЕУ) за забрана за увоз на руска нафта во наредните шест месеци“, рече унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Тој наведе дека снабдувањето на Унгарија со енергија ќе биде „целосно уништено“ со ембаргото на ЕУ за руските енергенси за кое рече дека на „Унгарија би ѝ оневозможило добивање на нафта што е неопходна за функционирање на унгарското стопанство“.

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен рече дека снабдувањето со сурова нафта од Русија ќе биде забрането во рок од шест месеци, а проиводите од рафинерија до крајот на годината.

Таа повика на поголема флексибилност за Словачка и за Унгарија.

Унгарија и Словачка ќе можат да продолжат да купуваат руска сурова нафта до крајот на 2023 година согласно постоечките договори, тврди извор од Европската Унија за британски медиуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...