Дисциплинските мерки од Европскиот парламент против Украина, во последен момент ставени под знак прашалник, откако Полска најави вето на било каква одлука

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 септември, 2018 8:33

Унгарија се соочува со санкции од Европскиот Парламент

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Европскиот парламент гласа за да поднесе дисциплински мерки против Унгарија, поради прекршување на неколку закони кои важат за земјите кои се во ЕУ.

Владата на Премиерот Виктор Орбан е обвинета за напади врз медиумите, негирање на малцинствата и владеењето на правото, обвинениja кои што Орбан категорично ги отфрли.

Ако биде одобрено од лидерите на Европскиот Парламент, тогаш на Унгарија и се закануваат низа санкции. Крајната санкција е суспензија на гласачките права на оваа земја во Парламентот. Лидерите на Полска се заканува дека ќе стави вето на овој потег.

Европскиот Парламент соопшти дека е загрижен и за уставниот и изборниот систем на Унгарија, потоа за приватноста и заштитата на податоци, слобода на изразување, академска слобода и еднакви права за бегалците и малцинствата.

Се ова Орбан го смета како уцена и закана од ЕУ, и соопшти дека исто така е навреда за неговата земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.