Тесто за подготовка на еклери и принцес крофни.

Објавил: admin@magazin | 26 февруари, 2019 22:33

Универзално тесто за еклери и принцес крофни

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Нема ништо поубаво од мирисот на ванила во вашиот дом. Еклери наполнети со пудинг од ванила се право задоволство за вашиот стомак.

Сите луѓе ги обожаваат, се топат во устата а преливот од чоколадо, е незаменлив вкус.

Можете да ги прелиете со топено чоколадо или готово чоколадо од туба. По ваша желба можете да употребите и шеќер во прав.

Состојки

250мл. вода

60мл. зејтин

малку сол

60гр. нишесте(густин)

140гр. брашно

4-5 јајца

 1 лажичка прашок за пециво

крем

1л. млеко  

2 пудинга (вкус по желба)

350гр. шеќер

3 лажици брашно

3 лажици нишесте

250гр. путер  

     Подготовка
Се става да зоврие водата, маслото и солта, потоа се додава брашното и нишестето убаво се меша смесата да почне да се одлепува од тенџерето и се остава да се олади. Кога е оладено се мати со миксер со перките за тесто и постепено се додава едно по едно јајцата. Потоа со помош на шприц се прават еклерите или принцес крофни во тавче за печење.

Се печат на 220 степени, рерната не ја отворајте дваесет и пет минути.

Потоа извадете ги на решетка да се изладат додека го подготвувате кремот.
За кремот :

Се става млекото со шеќерот да зоврие, а во еден мал дел од млекото се раствора пудингот, брашното и нишестето кој се сипува во врелото млеко и се прави густ крем кој се остава да се олади. Ладниот крем го матиме заедно со путерот. Готовите еклери и принцес крофни се полнат со кремот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.