Лукаревска рече и дека кај 11 даночни обврзници од текстилната и чевларска индустрија, како и обврзници кои се занимаваат со продажба на кондиторски производи во тек е спроведување на насочени контроли по основ на данок на добивка, ДДВ и данок на личен доход, поради утврдени одредени отстапувања во податоците од даночните пријави и годишната сметка. Контролите на даноци се спроведуваат за изминатите пет години.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 февруари, 2021 19:15

Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд со заеднички контроли кај работодавачи што не исплатиле плати, а земале финансиска поддршка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска на денешната прес-конференција информираа за заедничките контроли што ги спроведоа УЈП и ДИТ врз работодавачи на кои им била исплатена финансиска поддршка за исплата на плати и истите не ја префрлиле на сметката на работниците за исплата на плати.

Лукаревска информираше дека УЈП и ДИТ уште во декември 2020 почнаа со координирани контроли кај овие даночни обврзници при што како критериум бил земен износот на добиена финансиска поддршка, бројот на вработени, обврзници кои немаат исплатено плата повеќе од еден месец и обврзници за кои се добиени пријави за неправилности во однос на исплата на плата. УЈП изврши контроли кај 60 даночни обврзници од дејностите : подготовка на оброци и служење на храна, изградба на згради, копнен транспорт и цевоводен транспорт, објекти за сместување, производствена дејност, трговија на мало, туристички агенции, градежништво итн.

Од спроведените контроли УЈП утврди дека кај 16 даночни обврзници е констатирано неисполнување на условот за добивање на финансиска поддршка во однос на намалување на приходите за одредени месеци, кај седум даночни обврзници е намален бројот на вработени по месецот во кои е одобрена финансиска поддршка, од кои еден даночен обврзник веќе имал извршено враќање на добиената финансиска поддршка, кај двајца даночни обврзници е констатирано неисполнување на условот за добивање на финансиска поддршка во однос на намалување на приходот и по однос на намалување на вработените кое е поголемо од предвиденото во Уредбата и Законот.

Лукаревска посочи дека работодавачите имаат обврска согласно уредбата, т.е. законот да ги вратат добиените финансиски средства во целост, заедно со камата согласно со Законот за даночната постапка, доколку по извршена контрола од страна на УЈП и/или ДИТ се утврди дека не ги исполниле пропишаните условите. Работодавачот – корисник на финансиска поддршка кој дал Изјава за исполнетоста на условите за користење на финансиска поддршка, а не ги исполнил условите, ќе се применуваат одредбите од Кривичниот законик.

Управата за јавни приходи соработува со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, со цел нивно понатамошно постапување, односно покренување на кривична постапка. Кај двајца даночни обврзници, УЈП се соочува со несоработка од страна на обврзникот и одговорните лица, поради што постапката е насочена до Управата за финансиска полиција. Кај истите овие обврзници, спроведени се контроли од страна на ДИТ за неисплатени плати на работниците.

Лукаревска рече и дека кај 11 даночни обврзници од текстилната и чевларска индустрија, како и обврзници кои се занимаваат со продажба на кондиторски производи во тек е спроведување на насочени контроли по основ на данок на добивка, ДДВ и данок на личен доход, поради утврдени одредени отстапувања во податоците од даночните пријави и годишната сметка. Контролите на даноци се спроведуваат за изминатите пет години.

Директорката повторно го потенцираше механизмот на УЈП односно присилната наплата, како и контролниот механизам, вклучувајќи ги и координираните контроли со ДИТ и дојавата до други надлежни институции, се во насока на враќање на средствата од злоупотребата на државна помош и изрекување на казни за сторителите т.е. управителите за сторените злоупотреби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...