Филипче континуирано е во министерството и кога министер беше Тодоров, така да вината за недостаток на кадри, кои масовно бегаат од Македонија, можеби треба да го бара и кај себе

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 декември, 2018 9:24

Ургентниот центар на Детска клиника нема кадар, Филипче молчи

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Ургентниот центар на Клиниката за детски болести подолго време не функционира, и итните пациенти ги примаат во амбулантите на одделите.

Ако има потреба неколку часа минуваат на одделот за интензивна нега каде се лекуваат најтешко болните деца.

Родителите кои изминатиот период во време на викенд и во ноќни часови, кога нема дежурна педијатриска служба, велат дека ги однеле децата на Детска клиника поради изнемоштеност од висока температура или изнемоштеност од повраќање, биле примени на одделот за интензивна нега за да ја добијат потребната терапија.

Директорката на Детска клиника д-р Катерина Ставриќ вели дека ургентниот центар не работи веќе три години, и дека во моментов имаат сериозен проблем со педијатри и средномедицински кадар.

Ургентниот центар не функционира веќе три години, поради недостаток на кадар не сме во можност да го отвориме. Кога ќе имаме можност ќе почне со работа. Ни недостасуваат педијатри и медицински кадар. – вели д-р Ставриќ, која додава дека нема големо мешање меѓу децата на кои им е потребна ургентна медицинска помош поради вирози и заразни заболувања со останатите пациенти и дека болницата и претходно така функционирала.

Годинава од Клиниката за детски болести заминаа тројца педијатри, меѓу нив и анестезиолог. Директорката Ставриќ вели дека обновата на кадарот во болницата оди малку потешко, бидејќи во случајов нема специјалисти по педијатрија и анестезиологија.

Проблем е што нема специјалисти, а има поголем број специјализанти. Неодамна имавме конкурс за вработување нов кадар, вработивме двајца специјалисти педијатри и тројца специјализанти. Но ни недостига и средномедицински персонал. Се надевам дека проблемот ќе се надмине и дека ќе може повторно да го отвориме Ургентниот центар. – вели д-р Ставриќ.

Ургентниот центар на Клиниката за детски болести беше направен со донација од турската меѓународна агенција за соработка и развој ТИКА беше отворен во 2013 година.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека не е загрозен процесот на прием на деца на Клиниката и дека сериозниот недостиг на кадар со кој се соочуваат е резултат на лошите политики кои се спроведувале со години.

Почнавме со зголемување на бројот на вработени и бројот на специјализации во целата земја, но имаме сериозен недостаток на ментори за педијатрија и за анестезиологија. Од почетокот на годината досега насекаде низ Македонија вработивме голем број доктори и медицински сестри, односно има околу 2.300 вработувања и распишавме 250 специјализации. – рече Филипче.

Тој кажа дека во здравствениот систем многу работи недостасуваат, но дека работите не може да се променат преку ноќ и дека чекор по чекор ги решаваат проблемите каде е најкритично.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...