По овие снимки не само Македонија туку и целиот регион се крена на нозе, па сите почнаа да истражуваат и за новинарот кој се прослави и стана ултра популарен.

Објавил: Весна Петровска | 16 септември, 2019 11:36

Уредникот на „Ла Верита“ е контроверзен новинар со бројни пресуди – кое е влијанието на овој италјански весник?

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Италјанскиот весник Ла Верита одеднаш стана најпопуларен на Блканот по објавувањата на неколку видое материјали од случајот „Рекет“. На тие материјали можеа да се видат осомничените на „Рекет“ и инволвираната Катица Јанева, но жртвата Орце Камчев.

По овие снимки не само Македонија туку и целиот регион се крена на нозе, па сите почнаа да истражуваат и за новинарот кој се прослави и стана ултра популарен.

Главниот уредник на Ла Верита е Маурицио Блпјетро тој од локални медуими во родната Бреша, до презентер на италијанската телевизија Канал 5, па се до угледната „Панорама“, кариерата на Белпјетро е исполнета со низа контроверзи и судски случаи против него.

Весникот „Ла Верита“ излегува за првпат во 2016 година. Весникот е во споственост на „Ла верита СРЛ“ друштво со органичена одговорност, каде што не се знае потеклото на основачкиот влог, проценет на 2 до 3 милиони евра.

Зад името на уредникот на „Ла Верита“ врзани се низа судски случаи и правосилни казни.

Во 2009 година, Белпјетро е правосилно осуден за клевета на доктор во случајот на познатиот италијански активист, уметник и политичар Пјерџорџо Велби. Истата година, тој е под истрага во Јавното обвинителство во Рим за клевета и навреда на тогашниот Претседател на Италија, Џорџо Наполитано.

Ла Верита по објавата на снимката од Рекет доби голема популарност во Македонија, но и на Балканот

Во ноември месец во 2009 година заедно со Роберто Сандало (поранешен член на паравоената организација Прима Линеа) е осуден за клевета и претставување на лажни и измислени информации како вистински, односно пренесување на интервју на Сандало во кое клеветат луѓе за напади на верски објекти и убиства.

Во јули 2011 година, Белпјетро повторно е предмет на истрага, овојпат на Јавното обвинителство во Милано за изречена тешка клевета и навреда на претседателот на Италија, Џорџо Наполитано.

Во 2015 година, Белпјетро заедно со неговиот колега Џанлуиџи Нуци е осуден на 10 месеци и 20 дена домашен притвор за тешка навреда.

Влијанието на „Ла Верита“

Големиот подвиг на „Ла верита“ е во суштина заложба за враќање на режимот на Никола Груевски, со или без него, сеедно, но и поддршка на авторитарните крајно десничарски режими не само во Македонија, туку и во цела Европа. Малку кој во земјата ги прочита и ги разбра пораките на европските патриоти кои овој весник верно и силно ги застапува. Така уште во првата бомба на „Ла верита“, главниот штаб, сместен во фашистичкиот бункер на десницата, го зададе силниот удар за заштита од наездата на исламистите кои ја уриваат и обезличуваат Европа со непречен влез на емигрантите преку Македонија. Епохалното откритие на „Ла верита“ е дека Зоран Заев е близок со исламистите кој со помош на Ангела Меркел и Џорџ Сорос и нивните агенти и домашни странски платеници, инсталирани во невладините организации и во медиумите, го срушија демократскиот поредок на Никола Груевски, кој цврсто ја чуваше Европа од наездата на муслиманските емигранти. Брисел, Могерини, Меркел и Сорос затоа ги срушиле Груевски и демократијата во Македонија, за да го донесат Заев на власт за да го потпише предавничкиот договор со Грција и да ја обезличи Македонија. Ова е дозирано со затскриени пораки во „Ла верита“, но со јасни алузии дека претходните власти во Македонија се урнати со помош на меѓународен заговор на проевропската левица и умерена десница и се разбира, Америка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.