Секако за јавните личности се пишува и објавува се и сешто, вистинито и невистинито.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јуни, 2019 10:49

Урнебесно Видео: Мајкл Џексон, Тони Зен, Слаткар- еве кој пазари во Шутка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јавните личности постојано се во центарот на вниманието па кога сте дел од познатите, секој чекор да ве следат случајни минувачи, фанови, папараци, камери…

Секако за јавните личности се пишува и објавува се и сешто, вистинито и невистинито.

Пазарот во Шутка е еден од најпосетуваните и најефтините во Скопје   фото :Точка.мк

Пред камерите, јавните личности секогаш се средени од глава до пети, и изгледаат беспрекорно. Постојано од својот буџет одвојуваат за шминка, фризура, брендирана облека, за која секој од нас смета дека е премногу скапа. Но екипата на естрадниот магазин „Бекстејџ“ дојде до одлична идеја, и реши да ги разоткрие познатите. Тие направија анализа и открија кои познати личности често пати го посетуваат најефтиниот и најпознатиот пазар во Скопје, пазарот во Шутка. Е сега одговорите нема да ве остават рамнодушни. Познато е дека ромите се шегаџии, во свој посебен стил па така и сега пред камерите на Бекстејџ обелоденија кој се пазари од шутка, а една од познатите личности што ја посетил шутка велат бил и Мајкл Џексон…

„Го видов Панчо од ДНК, направивме заедно една фотографија и ја ставивме на Инстаграм“, вели еден соговорник за Бекстејџ. Другиот анкетиран продавач вели дека ги видел Слаткар, Тони Зен, Јелена Јованова, а пред камерите на Бегстејџ еден од нив пак тврди дека и Мајкл Џексон пазарувал од тука…

Погледнете го урнебесното видео на Бејстејџ екипата, и дознајте кои познати фаци купуваат брендирана облека од пазарот во Шутка…

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.