Оваа година во Штип поради инцидентот помеѓу двајцата верници попот реши крстот да остане во црквата и секој верник ќе има можност да го бакне за здравје.

Објавил: Весна Петровска | 21 јануари, 2020 21:51

УРНЕБЕСНО НА ВОДИЦИ: Еве што фати момчето наместо крстот во Струмица

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Скандалозни случувања и на празникот Богојавление – Водици. Во неделата секаде ширум Македонија се одржуваше верската манифестација Водици – верниците скокат во водите по светиот крст за здравје, среќа.

Оваа година во Штип поради инцидентот помеѓу двајцата верници попот реши крстот да остане во црквата и секој верник да има можност да го бакне за здравје.

Селото кое се наоѓа на патот Струмица – Радовиш, односно помеѓу Општина Радовиш и Општина Василево, го има хитот број еден за Водици оваа година.

Млади момчиња се фрлија по крстот во ова село, а најпрво едно од момчињата го фати босилокот, но во водата не беше сигурен што е, па гордо го крена, верувајќи дека станува збор за крстот.

Но, набрзо потоа сфаќа дека се радува на босилекот, по што заедно со останатите момчиња излегоа од водата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.