Песната е насловена како Одлази СЈО из нашег ружног града.  

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јули, 2019 11:22

УРНЕБЕСНО: Сашо Тасевски со песна за СЈО- Одлази СЈО из нашег ружног града

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатиот актер Сашо Тасевски мотивиран од целата ситуација  сними нова видео песна и ја објави на својот фејсбук профил.

Песната е насловена како Одлази СЈО из нашег ружног града. Инаку тој на неколку пати објави и фејсбук статуси наменети за Боки, Катица, и рекетираните бизнисмени.

И така на чичкото од Супермаркетот му прекипело да го рекетираат и нежно им го кладе на рекетарите.
Ката наша изгледа до врат во таа каша со синчето. Требало човек од ЕУ да дојде да лупне на маса и да каже расчистете со рекетарите со грофовско потекло.
Полицијата искористила новинар да пише за рекетот у стил ти кажувам ќерко сети се снао за да излезат стаорците од дупката. Веќе биле под ПИМ. И почнале да се собираат за да се вадат. Така си го доначукале
Државава е бетер од кинеска продавница за играчки, напиша Тасевски.

Во еден од статусите актерот вели да се врати Никола Груевски на власт, за д аможе да се потсети народот како беше 12 години.

Ај се од почеток. Вратете го ГРУЈО на власт, 12 години, да се потсетиме како беше, па пак бомби и тогаш одново СЈО, ама не со будала на чело, туку со некој ко Елиот Нес и опозиција која кога ќе дојде на власт и по цена на живот ќе отера у затвор се што заслужило да оди таму. После, да ги растури сите етнички чисти партии и по можност на раководни позиции да донесе странци кои ќе работат за плата. Министри Норвежани, Данци, Финци и Англичани. А премиер да биде Германец или Швајцарец.
Е тогаш ќе не биде.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести