Тој посочи дека првата мерка е поддршка за исплата на плати која продолжува да важи и за последниот квартал од годината, односно за месеците октомври, ноември и декември.

Објавил: Владо Марин | 27 септември, 2020 14:30

Усвоен четвртиот пакет антикризни мерки: Тежи 470 милиони евра!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Владата денеска го усвои четвртиот пакет антикризни мерки, кои на пресконференција ги образложи премиерот Зоран Заев!

Четвртиот сет мерки предвидува повластена стапка на ДДВ за ресторанска дејност од 10% наместо досегашните 18 и 5 %, со цел да се стимулира дејноста, а да се дестимулира сивата економија. За оваа мерка се потребни законски измени и таа ќе стапи на сила на 1 јануари 2021, најави премиерот Заев.

Тој посочи дека првата мерка е поддршка за исплата на плати која продолжува да важи и за последниот квартал од годината, односно за месеците октомври, ноември и декември.

Прва мерка е продолжување на поддршката за исплата на плата во последните три месеци. Како што рече, таа ќе биде скалеста и ќе зависи од падот на приходот кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите толку ќе биде поголема поддршката која ќе се движи од 14.500 денари до 21.776 денари. Со оваа мерка ќе бидат поддржани 250000 работни места, а вредноста е 70 милиони евра.

Втората мерка е платежна картичка за поголема потрошувачка во износ од 6.000 денари, а ќе ја добијат 5.726 самохрани родители 182.271 пензионер со пензии до 15.000 денари, 85.108 пасивни баратели на работа, самостојни уметници, рече Заев, додавајќи дека ќе ја добијат и оние граѓани над 64 години кои немаат пензија, а се со приходи пониски од 15.000 денари или воопшто немаат приходи. Оваа мерка е наменета за 280.000 граѓани кои ќе бидат поддржани со 27,6 милиони евра.

Премиерот појасни дека поддршка нема да добијат компаниите кои добиле државна помош, а не ги исплатиле обврските кон вработените. За да може да аплицираат мора претходно целосно да ја исполнат својата законска обврска, а кривичната одговорност е кривична одговорност, рече Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...