Мерко денес не одговори зошто како градоначалник сечел лента на објект дивоградба.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 јули, 2019 0:07

Дивоградачот Усеини им се закани на новинарите: “Оставете ме на мира, за да не бидам безобразен”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Советникот од Општина Охрид, Нефи Усеини синоќа со свечена церемонија ја отвори пицеријата, која е дивоградба лоцирана кај Чинарот во Охрид, за која има и решение за рушење.

Нефи Усеини советникот од Општина Охрид, синоќа заедно со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, ја пресече црвената лента на церемонијата, по повод отворањето на пицеријата, која е дивоградба лоцирана кај Чинарот во Охрид.

На новинарско прашање на ТВ 24 зошто со свечена церемонија синоќа ја отвори пицеријата, која е дивоградба лоцирана кај Чинарот во Охрид, за која има и решение за рушење? И зошто како советник не ги почитува ниту решенијата на инспекторите, ниту законитe, tој дрско им одговорил на новинарите да го остават на мира оти може да биде безобразен.

„Ве молам оставете ме на мира, да не бидам безобразен. Расправајте се со други дивоградби“.

Нефи Усеини советникот од Општина Охрид, синоќа заедно со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, ја пресече црвената лента на церемонијата, по повод отворањето на пицеријата, која е дивоградба лоцирана кај Чинарот во Охрид,

Исто така денес Мерко на новинарско прашање од ТВ 24 спуштил слушалка и не одговори зошто како градоначалник сечел лента на објект дивоградба. На отворањето зедоа учество и повеќе јавни личности од политичкиот живот во земјава. После сечењето на лентата од Мерко, забавата продолжи со десетминутен громогласен огномет.

По отворањето на пицеријата кај Чинарот во Охрид не остана рамнодушен па искоментира и Владимир Милчин.

-Оваа фотографија е прст во окото на сите кои се бореа и се борат за право и правда. Закана или дрска порака: МИ СЕ МОЖЕ, БРЕ! Носете се вие заедно со УНЕСКО! Партискиот пазар гази без оглед на здравиот разум и триумфира во срцето на Охрид, карши Чинарот. Ако може да се лаже УНЕСКО, може и да се газат критичките гласови и здравиот разум, коментира тој.

Сопственик на локалот „Луна“ е Нефи Усеини, советник од ДУИ, а објектот е изграден на државно земјиште и во заштитен појас на УНЕСКО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.