Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Објавил: admin@magazin | 27 април, 2021 7:36

УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНА ПОЈАВА НА ПОРОЕН ДОЖД УТРЕ ПОПЛАДНЕ – ОД ЧЕТВРТОК АФРИКАНСКИ БРАН И ГОЛЕМ ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 22 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, со умерена локална облачност. Повремено ќе има и нешто повеќе облачност. Исклучок ќе биде утрешното попладне кога локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за локална појава на грмежи. Температурите на воздухот ќе бидат во позначителен пораст, особено од четврток кога ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...