УМЕРЕНА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ, И РАЗЛИЧНИТЕ МЕТОДИ НА ИСХРАНА ПОЗИТИВНО ДЕЛУВААТ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА НАШИОТ ЖИВОТ.

Објавил: admin@magazin | 8 јануари, 2022 17:17

Успешни совети за долг и здрав живот.

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

ИСТРАЖУВАЧИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО СИДНЕЈ ОДКРИВААТ: ЛУГЕ КОИ ТРЕНИРААТ ДВА ПАТИ НЕДЕЛНО ВО НАЈМАЛ ПРОЦЕНТ УМИРААТ ОД КАРДИОВАСКУЛАРНИ И ДРУГИ БОЛЕСТИ ЗА РАЗЛИКА ОД ОНИЕ ЛУГЕ КОЕ НЕ СЕ ВООПШТО АКТИВНИ. АНАЛИЗИРАНА Е И АНКЕТА ВО КОЈА УЧЕСТВУВАЛЕ 63 ИЛЈАДИ ЛУГЕ И НА ОСНОВА ОД ТОА СЕ ОТКРИЛО ДЕКА РИЗИКОТ ОД СМРТ КАЈ ВОЗРАСНИ ЛУГЕ Е СМАЛЕН ЗА 30 % КАЈ ОНИЕ ШТО ТРЕНИРАЛЕ ДВА ПАТИ НЕДЕЛНО.

Сите ние луѓето сме создадени да водиме ред и дисциплина за самите себе си,а тоа значи дека сме сами одговорни за развојот на своето тело и за се што ни се случува околу нас. Општо е познато дека тренингот треба да биде составен дел од нашето секојдневие меѓутоа многу малку луѓе се придржуваат до тоа.Сите ние луѓето мислиме дека доволно се движиме дома,на работа и мислиме дека тоа е исто како некој вид тренинг меѓутоа тоа нее воопшто така. Еден здрав и нормален тренинг се состои од вежби на нашето тело бидејќи секој дел од телото има посебна функција за нешто.

Под здрав тренинг спаѓа и пешачењето кое најмалку треба да го практикуваме секој ден по 30 минути ако сакаме да бидеме витални и здрави. Научно е докажано дека луѓето што тренираат се 25 проценти поздрави и живеат многу подолго,од тие што не се воопшто активни.Исто така ке имате повеќе енергија,подобро расположение како и намалена тежина,одржување на нивото на шеќерот во крвта,добро е за крвниот притисок, како и смалување на стресот во нашето тело. 

Водата е убава и за одржување на нашиот тен на кожата го прави тенот поубав и многу посвеж и по нежен.

Водата е исто така неопходна за нашето здравје бидејќи таа помага за регулирање на нашата тежина. Колку повеќе вода внесуваме во нашиот организам метаболизмот работи се побргу.Водата помага исто така за дишењето,регулирање на телесната температура,исто така помага многу во функцијата и работа на мускулите,донесува многу хранливи состојки а исто така однесува и многу штетни состојки од нашето тело.Водата е убава и за одржување на нашиот тен на кожата го прави тенот поубав и многу посвеж и по нежен.

Правилна исхрана е исто така важен дел од нашето секојдневие што мора да се негува и употребува на прав начин.Неправилна исхрана често може да доведе до најразлични оболувања во нашиот организам и на крај од тоа можат да дојдат катастрофални последици кои можат сериозно да го загрозат нашиот живот.Пример за тоа е превишок килограми,дијабетис или шеќерна болест,кариес,мозочен удар и други слични болести кои можат да го оштетат нашето здравје.

 

Овошјето и зеленчукот се најдрагоцени да се употребуваат во секојдневната исхрана. Овие групи содржат безброј витамини и минерали кои го подобруваат имуниот систем и го спречуваат развојот на штетни бактерии кои се развиваат во нашето тело

Овошјето и зеленчукот се најдрагоцени да се употребуваат во секојдневната исхрана.Овие групи содржат безброј витамини и минерали кои го подобруваат имуниот систем и го спречуваат развојот на штетни бактерии кои се развиваат во нашето тело.Тие спаѓаат во групата на ниско калорична храна и содржат ниски проценти на масти и со нивна редовна употреба се одржува нормална телесна тежина и се спречува гојазност кај луѓето.Ова се еден дел од здравите навики кои треба секојдневно да ги употребуваме и на тој начин ке го подобриме нашиот животен стил и ке ги намалиме здраствените предизвици кои непланирано доајѓаат во нашиот живот.

ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ, ТРЕНИНГ,ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА,КОНТРОЛИРАНА ЗДРАВА ИСХРАНА СЕ ЕДНИ ОД ГЛАВНИТЕ ФАКТОРИ ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ И НАМАЛУВАЊЕ НА СИТЕ БОЛЕСТИ КОИ ДОАЈГААТ ВО ЧОВЕЧКОТО ТЕЛО.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...