Лавров смета дека пристапот на Брисел и Вашингтон под притисок да се бира помеѓу нив или Москва е грешен и застарен и дека тој самиот предизвикува тензии и кризи на Балканот

Објавил: Мартин Попоски | 7 декември, 2018 10:39

Уставните измени се изнудени со уцени и поткуп на пратеници

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, при посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на официјална Москва, за медиумите изјави дека она што се случува на Балканот не е во ред и дека кризите се во главите на Брисел и Вашингтон.

Лавров истакна дека не е во ред на државите да им се даваат опции или сте со Москва а сте против Брисел и САД и обратно.

 Со уцени и поткуп на пратеници, со директна вмешаност на странски дипломати, беа наметнати уставните измени во Македонија. – вели министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во интервју за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон”.

Говорејќи за ситуацијата на Балканот, шефот на руската дипломатија неколку пати ја спомна Македонија и Договорот од Преспа.

Лавров вели дека е „очигледна големата и континуирана интервенција на НАТО и ЕУ во внатрешните работи на Македонија.

Референдумот, како што е познато, не успеа. Во оваа ситуација собранието, на 19-ти октомври, со уценување и поткуп на пратеници беа наметнати уставни измени, со директна вмешаност на странски дипломати, вклучувајќи го и амбасадорот на САД што е таму.

Сега се прават интензивни напори за процесот да добие конечен облик на почетокот на 2019 година.

Вреди да се спомене фактот дека ваквото брзање и служи на единствената цел на Вашингтон за итно вклучување на Скопје во НАТО. – вели Лавров и додава дека за европската интеграција, „консултациите со Брисел, како што говори искуството, може да траат и неколку децении“.

Во однос на регионот, министерот за надворешни работи на Русија вели дека ситуацијата на Балканот предизвикува загриженост, бидејќи НАТО и ЕУ им поставуваат дилема на земјите.

Упорно ги ставаат земјите пред една погрешна дилема: да бидат или со Москва, или со Вашингтон и Брисел. Таквите постапки водат кон дополнителна дестабилизација на безбедносната архитектура на Европа, ја зголемуваат тензијата, исцртуваат нови линии на поделба. – коментира Лавров во интервјуто за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.