Откако Заев на "мала врата", со понудена амнестија, се обиде да ги "купи" пратеничките гласови на ВМРО - ДПМНЕ за уставни измени, се огласија уставобранителите

Објавил: Мартин Попоски | 16 октомври, 2018 7:12

Уставобранителите, Дурловски, Дамовски, Јовановски не сакаат амнестија, бараат правда

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Предводниците на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија” и обвинети за тероризам за настаните од 27 април, со инстант одговор за понудената амнестија на премиерот Заев.

Милост може да бара само тој, кој што е виновен… Јас не се чувствувам виновен и не барам милост. – напиша на социјалните мрежи актерот Владо Јовановски по “понудата на премиерот Зоран Заев за помирување”.

Јовановски е еден од обвинетите за тероризам во случајот со настаните од 27 април и е во домашен притвор.

Барам само праведно и чесно судење, за да се дојде до правдата и вистината, како би се тргнал овој жиг од моето име и од презимето на моето семејство! Вистината е мојот најголем и единствен бранител! Само не знам зошто сум во притвор скоро година дена…  -напиша Јовановски.

И режисерот Борис Дамовски, притворен учесник од граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија” и осомничен за “терористичко здружување” за настаните на 27 април 2017-та со коментар за говорот на Заев.

Правда, не амнестија! – е кусиот коментар на Борис Дамовски, еден од обвинетите за настаните од 27 април, по апелот на Заев кој беше протолкуван како понуда за амнестија.

И оперскиот пејач, Игор Дурловски, се огласи преку својот профил на социјалните мрежи, откако премиерот Зоран Заев повика на помирување за настаните.

Подарената слобода на неправедно обвинетиот, прифатена како милост од “горе”, ќе биде претежок товар врз плеќите на еден родител, пријател, Македонец, кој целиот живот се бори токму за една ВИСТИНСКА… СЛОБОДА. – напиша Дурловски.

И ВМРО-ДПМНЕ преку својот генерален секретар Игор Јанушев на крајот на денот сублимираше “со правда која мора да пристигне” за семејствата кои се под политички прогон режиран од власта.

Само така ќе има помирување. Правдата мора да стигне и затоа бараме нова обвинителска институција која ќе ги истражи сите случаи каде има сомнеж за нарушување на законот. И која непристрасно ќе ги анализира фактите и доказите. Еве прилика на Заев да докаже дека е за вистинско помирување и за правда без условувања. Ослободете ги луѓето од политичкиот прогон, и од притворот, правда за овие луѓе со гаранција за нивната презумција на невиност. – истакна Јанушев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.