Исто така, условите вклучуваат откажување од екстрадиција доколку тој се случи да ја напушти сојузната држава Минесота и дека друга држава мора да го екстрадира поради кривична постапка.

Објавил: Владо Марин | 9 јуни, 2020 4:56

Утврден износот на кауцијата: Полицаецот што го уби Флојд за првпат излезе пред суд(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Дерек Човин (44), првообвинетиот за убиството на Џорџ Флојд, вчера се појави на суд за првпат во Хјустон.

Судијката Џенис Рединг ја крена безусловната кауција од претходните милион долари на 1,25 милиони долари. Другата, кауцијата со услови, ја крена од 700 илјади долари на милион долари.

Условите вклучуваат појавување на рочишта во иднина, да нема кршење на законот, да не се вработува во ниедна агенција за обезбедување или како полицаец, да го предаде оружјето и муницијата за кое било лиценцирано оружје, да не заминува од Минесота и да нема контакт со семејството на Џорџ Флојд.

Дерек Човин (44), првообвинетиот за убиството на Џорџ Флојд, вчера се појави на суд за првпат во Хјустон.

Исто така, условите вклучуваат откажување од екстрадиција доколку тој се случи да ја напушти сојузната држава Минесота и дека друга држава мора да го екстрадира поради кривична постапка.

Демократски пратеници клекнаа во холот на Конгресот и тивко му оддадоа почит на убиениот Џорџ Флојд пред да објават пакет реформи на полицијата, со кои сакаат да стават крај на полициската бруталност во САД.

Ова се случи во пресрет на погребот на Флојд во Минеаполис, две недели откако тој беше убиен од полицијата при приведувањето, по што САД се соочија со некои од најголемите и најтензични протести против расизмот досега, кои во првата недела беа засенети од грабежи и палежи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.