Објавените материјали доведоа до распад на коалицијата со Народната партија на тогашниот канцелар Себастијан Курц.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 септември, 2019 13:57

Утре во Австрија предвремени парламентарни избори: Курц фаворит пред изборите во Австрија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Предвремените избори беа распишани откако австрискиот парламент, за првпат во повоената историја, изгласа недоверба во владата.

Пред изборите за Европскиот парламент беше објавена афера во врска со видео снимки од пред две години на кои лидерот на Либералната партија на Австрија, Хајнц Кристијан Штрахе, нуди на роднина на руски милијардер државни функции, во замена за финансиска поддршка на неговата партија, објави Макфакс.
Објавените материјали доведоа до распад на коалицијата со Народната партија на тогашниот канцелар Себастијан Курц.

Иако поддршката на партијата од Курц, се намали од 38 на 34 проценти меѓу мај и септември, анкетите пред изборите во недела му даваат голема предност на Курц за разлика на социјалдемократите и либералната партија.

Себастијан Курц во 2017 формираше влада со FPOe и започна да работи на закони со примарна цел за сузбивање на потенцијалната имиграција.
Новата политика вклучуваше забрана за бурки во основните училишта, намалување на бенефициите за социјална заштита за големи семејства и детски додатоци за странски работници чии деца живеат во странство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.