Заев и Мицкоски ќе ја решаваат судбината на СЈО !

Објавил: Узунов Бобан | 9 септември, 2019 11:52

Утре во 20 часот Заев и Мицкоски ќе ја решаваат судбината на СЈО !

Фото/Текст извор: ©магазин

За утре во 20 часот е закажана лидерската средба која ќе се одржи во Собранието, дознава Канал 5 ТВ. Своето присуство го потврдил и лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На лидерската се очекува да се постигне финален договор за новиот Закон за Јавно обвинителство и со тоа да се реши судбината на Специјалното обвинителство.

Во телевизиско интервју Мицкоски синоќа најави и дека ќе ја отвори темата за предвремени парламентарни избори.

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески очекува обвинителството наскоро да ги презеде и разгледа предметите на СЈО, за да се констатира во која фаза стигнале.

-Првиот чекор е преземањето на предметите, а потоа согласно законот, Јавното обвинителство ќе ги разгледува предметите според своите надлежности. Очекувам тоа да се случи наскоро – вели Јовески. Воедно, тој додава дека после 15-ти септември Советот на јавни обвинители е надлежен да одлучи дали специјалните обвинители треба да се вратат во матичните обвинителства.

Мандатот на специјалните обвинители истекува на 15 септември. Според законот за СЈО, по завршувањето на мандатот, обвинителите мора да се вратат во обвинителствата од каде што дошле. Неофицијално се дознава дека Советот на јавни обвинители ќе одлучува и за ова. А, после согласноста што Јовески ја доби од Катица Јанева пред два дена за јавното обвинителство да може да гони по предметите на СЈО, Јовески кој се повикува на правото на подреденост кон Јавното обвинителство, се очекува случаите на СЈО да бидат распределени кај јавните обвинители.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести