Со ваквата донесена одлука, се откажуават сите културни, спортски, забавни и други манифестации.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 април, 2019 19:04

Утре ден на жалост во Кисела Вода – Домот на култура во општината ќе го носи името на Беличанец

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денешната вонредна седница на Советот на Општина Кисела Вода, беше започната со едно минутен молк, во чест на загинатата поранешна градоначалничка на општината Билјана Беличанец.

Седницата беше свикана по повод смртта на актерката, а советниците едногласно ја донесоа одлуката за  утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост на територијата на општина Кисела Вода.

Со ваквата донесена одлука, се откажуават сите културни, спортски, забавни и други манифестации.

Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје. Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода до 2017 годинa.

Инаку свое обраќање имаше актуелниот градоначалник на општината Филип Темелковски и изрази жалење за смртта на познатата македонска актерка и поранешна градоначалничка Билјана Беличанец, која како што кажа беше успешен градоначалник.

Инаку на седницата Темелковски најави и иницијатива за преименување на новоизградениот Дом на културата КВК во Билјана Беличанец.

Денеска во 15 часот беше одржана и комеморација во новоизградениот Дом на културата во Општина Кисела Вода  по повод смртта на поранешната градоначалничка на Општината, Билјана Беличанец. На комеморацијата присуствуваа градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, секретарот Александар Алексовски, поранешни и сегашни членови на Советот на Општина Кисела Вода, Цветанка Ласкова и Роберт Алаѓозовски, советници на премиерот, Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт и поранешни градоначалници. Присутни беа и блиски роднини, пријатели и колеги од театарот на Билјана Беличанец. За ликот и делото на Билјана Беличанец пред присутните говореа градоначалникот Филип Темелковски и поранешниот претседател на Советот на Општина Кисела Вода, Трајче Донев. Говореа и нејзините блиски колеги од театарот, познатите македонски актери, Дејан Лилиќ и Весна Петрушевска.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода се обрати пред присутните пријатели, роднини, колеги, на прерано загинатата поранешна градоначалничка на општитана Билјана Беличанец

– Со тага и неверување ја примив веста за смртта на мојата претходничка, поранешната градоначалничка на Општина Кисела Вода, г-ѓата Билјана Беличанец. Нема зборови со кои може да ги утешиме најблиските, посебно кога личноста што замина имаше само 45 години, зрачеше со елан, и од неа се очекуваше уште многу. Кога зборувам за г-ѓа Билјана Беличанец, зборувам за маркантна и уникатна личност, со која иако  доаѓаме од различна политичка провиненција, секогаш сме имале коректен однос полн со взаемна почит. Кога зборувам за неа, мислам на професионалец, мислам на градоначалник – визионер, со визија за урбана и модерна општина Кисела Вода, општина центар на културните збиднувања, мислам на актерка која често со задоволство сум одел да ја гледам во театарот.  И не случајно ја избравме оваа локација за нејзината комеморација. Таа го сакаше театарот, таа ја сакаше Кисела Вода.  Прерано беше за збогување, г-ѓа Беличанец! Од мене, бескрајна почит и вечна слава! – кажа во своето обраќање градоначалникот Филип Темелковски

Беличанец беше градоначалничка на општината Кисела Вода од 2013 до 2017 година, а трагично го загуби животот на 6 април 2019 година. 

Билјана извршила самоубиство, а смртта на Беличанец ја пријавил нејзиниот сопруг кој ја нашол мртва во бањата. Билјана имаше неполни 46 години, а беше и врвен актер. Нејзини последни претстави се “Господа Глембаевски”и “Последните Македонци” во матичниот Драмски театар. Беличанец глумеше во повеќе ТВ-проекти како “Здраво генијалци“ и натсихронизираше гласови во турски серии.Веста за нејзината прерана смрт ја потресе јавноста, а многу од нејзините блиски пријатели и колеги објавија и потресни пораки, посочувајќи дека таа била цврста жена, но со многу кревка душа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.