Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат.

Објавил: Владо Марин | 20 септември, 2020 12:31

Утре е голем празник: Се празнува Рождество на Пресвета Богородица – Сите патишта водат кон манастирите!

Фото/Текст извор: ©Ohrid24.mk/Магазин.мк

Рождество на Пресвета Богородица (познат и како Мала Богородица) е еден од најголемите празници на Православната Црква.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат.

Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Меѓу народот овој празник се слави и со живописни обичаи, посебно посветени на раѓањето. Некои семејства во свечено руво, иако не слават и не одат на слава, поголем дел од денот го поминуваат во празнично расположение, посебно во краевите каде се одржуваат панаѓури.

Се верува дека есента и зимата ќе бидат благи, без многу студени денови, ако на празникот биде ведро без облаци и ако се види сонцето поголем дел од денот.

На Мала Богородица , исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани.

Жените така не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат.

Постојат верувања дека на Мала Богородица не треба да се работат работи кои се работат со раце.

На празникот наводно не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.

Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонскиот народ. Многу цркви што го носат нејзиното име се изградени по соништа, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја.

На Мала Богородица, исто така, се одржуваат големи народни собири во повеќе манастири што го носат нејзиното име како што е манастирот во Калишта.

Овој свет храм е домот на единствената икона каде Мајката Божја е  насликана во црна облека и со црно лице, а и детето Исус е црно.

Иконата е пронајдена во малата пештерска црква, а денес се чува во поголемата црква од комплексот.

Според сведоштва запишани во манастирските книги, во Втората светска војна фaшиcтитe повеќе пати ја фpлaле иконата во езерото, но таа секогаш се враќала на брегот кај манастирот. Едно предание говори дека врзана со челични cинџиpи ја пoтoпувале во средината на езерските води за да се yништи, но како што била потопувана иконата се ocлободувала од синџирите и повторно била крај манастирот.

Оваа икона е една од највредните во Македонија и се верува дека има неверојатна лековита моќ. На секој што се мoли со искреност, вера и чисто срце таа му помага да се излeчи. Препознатлива е по дарувањето деца на бездетните, што го потврдуваат многу двојки, кои со својот пород доаѓаат да се поклонат и да се заблагодарат за дарот што го добиле. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.