Од АМСМ апелираат возачите да ја носат зимската опрема заклучно до утре

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 март, 2019 10:24

Утре завршува задолжителното носење зимска опрема во возилата

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Утре завршува законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја носат зимската опрема заклучно до утре без оглед на моменталната временска состојба.

Моментално сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Стража и во Маврово, но во мометов не се задржува на коловозот.

Од АМСМ известуваат дека на 12.03.2019 започнa изведување на градежни активности (поставување сообраќајна сигнализација и осветлување) на патен правец Велес – Катланово пред и во тунелот, во времетраење од 10 дена и информираат дека аавтопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести