Стартува приоритетната продажба на билетите за новата натпреварувачка сезона на двоjниот европски шампион. На повеќе од 45 денови од првиот домашен натпревар во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите во ЛШ, против Порто од Португалија продажбата на сезонските билети за сезоната 2019/2020, годинава ќе почне во среда, 7 август и ќе трае до 9 септември 2019.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 август, 2019 21:57

Утре започнува продажбата на сезонски билети за мечевите на РК Вардар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Продажбата на сезонските билети и годинава ќе се реализираат во две фази, и тоа од 7 до 21 август следи приоритетната продажба на билетарницата на Тикет плус во СЦ „Јане Сандански”. Од 22 август до 9 септември следи регуларната продажба на сезонски билети на билетарницата на Тикет плус, како и онлајн на www.ticketplus.mk.

Стартува приоритетната продажба на билетите за новата натпреварувачка сезона на двоjниот европски шампион. На повеќе од 45 денови од првиот домашен натпревар во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите во ЛШ, против Порто од Португалија продажбата на сезонските билети за сезоната 2019/2020, годинава ќе почне во среда, 7 август и ќе трае до 9 септември 2019.

Започнува продажбата на сезонски билети на европскиот шампион

Продажбата на сезонските билети и годинава ќе се реализираат во две фази, и тоа од 7 до 21 август следи приоритетната продажба на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”. Од 22 август до 9 септември следи регуларната продажба на сезонски билети на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ како и онлајн на www.ticketplus.mk.Од утр

Вардар во сезоната 2019/2020 влегува како актуелен европски првак, шампион на СЕХА Газпром лигата и домашното првенство на Македонија. Сезонските билети овозможуваат влез на сите домашни натпревари на кои организатор и домаќин е РК Вардар.

Сезонава Вардар ќе игра во Б групата од ЕХФ Лигата на шампионите. Противници на Вардар ќе бидат екипите на: Веспрем, Кјелце, Мотор Запорожје, Кил, Мешков, Порто и Монпелје.
Во СЕХА ГАЗПРОМ лигата Вардар ќе игра во група со: Нексе, Татран Прешов, Војводина, Татабања и Мотор Запорожје.

Сезонскиот билет за сезоната 2019/2020 овозможува влез на:
* Сите натпревари од групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите
* Сите домашни натпревари од СЕХА Газпром Лигата 
* Сите домашни натпревари од Супер лигата во Македонија 
* Сите натпревари на домашен терен од Куп натпреварувањето во Македонија


ЦЕНА НА СЕЗОНСКИТЕ БИЛЕТИ

*Цената на сезонските билети за сезоната 2019/2020 се:
– 2.200 денари за трибините
– 2.550 денари за А блоковите


1. ПРИОРИТЕТНА ПРОДАЖБА НА СЕЗОНСКИ БИЛЕТИ

7 Август – 21 август 2019 година.

* Сите сопственици на сезонски билети од претходната сезона имаат можност повторно да ги задржат местата што ги имале досега. Приоритетната продажба на сезонските билети ќе биде само на касата на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” во периодот од 10 до 18 часот, секој работен ден.
Потребно е приложување на сезонските билети што сте ги посетувале лани од групната фаза на натпреварите во ЛШ (пластифицираниот билет заедно со лична карта)
При приоритетната продажба можно е купување (задржување) само на местото што сте го имале и во минатата сезона.
Доколку во овој период не биде продолжен сезонскиот билет истиот ќе биде пуштен во регуларна продажба.


2. РЕГУЛАРНА ПРОДАЖБА НА СЕЗОНСКИ БИЛЕТИ

22 август – 9 септември 2019

Сите места во салата што ќе бидат слободни (по завршување на приоритената продажба) ќе бидат пуштени во слободна продажба.
Регуларната продажба на сезонски билети ќе се врши на касата на билетарницата на СЦ „Јане Садански” секој работен ден од 10 до 18 часот и он лајан преку www.ticketplus.mk
По завршување на овој период повеќе нема да има сезонски билети во продажба, туку ќе следува поединечна продажба за секој натпревар поединечно.

3. РЕГУЛАРНА ПРОДАЖБА НА ПОЕДИНЕЧНИ БИЛЕТИ
За секој меч од ЕХФ лигата на шампионите ќе има известување кога ќе бидат пуштени во продажба поединечните билети и нивната цена.
Првиот домашен натпревар во ЕХФ лигата на шампионите ракометарите на Вардар ќе го играат на 22 септември против Порто во СЦ „Јане Сандански” од 17 часот.

* Распоредот на натпреварите од групната фаза за ЕХФ лигата на шампионите и првите 10 кола можете да го најдете тука.

* Повеќе детали за ПРИОРИТЕТНАТА продажбата и РЕГУЛАРНАТА продажба на сезонски билети можете да добиете на телефон: +389 2 2401 980 или на е-маил: info@ticketplus.mk

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...