четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Овој датум е врежан во колективната меморија за Скопје како еден од најтешките моменти во неговата историја и постоење.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јули, 2019 11:50

Утре навршуваат 56 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред точно 56 години на 26 јули се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје. По тој повод секоја година овој ден не потсетува на солидарноста на скопјани и на солидарноста на светот од 1963 година кога катастрофалниот земјотрес со својата уривачка моќ однесе многу човечки животи и го претвори Скопје во урнатина.

Овој датум е врежан во колективната меморија за Скопје како еден од најтешките моменти во неговата историја и постоење.

Скопски земјотрес од 1963 година — природна катастрофа која го зафатила градот Скопје. Земјотресот се случил на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Како резултат на земјотресот, од 1.000 до 1.100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени. Бројот на лицата без дом бил 200.000. Земјотресот од 1963 е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија.

Одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, ќе започне со положување цвеќиња во 10 часот на Споменикот на жртвите од земјотресот на градските гробишта во Бутел.

Во 19.30 часот, на Школка во Градски парк, со концерт на Градскиот мешан хор „Вардар“ ќе започне концертот со кој Град Скопје оваа година го одбележува 26-ти јули, а потоа ќе следуваат Биг Бендот под водство на Љупчо Мирковски, поп ѕвездата Канита Сума, познатиот грчки хармоникаш Танос Ставридис, српската пејачка на изворни песни Биља Крстиќ и нашиот Влатко Стефановски.

Дополнително, градските институции секоја година се вклучуваат во одбележувањето на 26 јули. Така, МКЦ го подготвува настанот „МКЦ за Скопје“со целодневна програма. Покрај двете креативни работилници за деца коишто ќе започнат во 18:30 часот за креативно пишување, илустрација и цртање и богатата музичка програма. Посетителите точно на полноќ ќе имаат можност да ја погледнат и проекцијата на најновото остварување на Раде Шербеџија „Ослободување на Скопје“.

Во Музејот на Град Скопје во тек е изложбата на фрескокопии од Скопскиот регион.

Утревечер во 19 часот во Градскиот парк на Школка ќе се одржи и работилница за деца „Обој го Скопје“, инспирирана од боенката „Скопје 091“.

Одбележувањето на овој ден е потсетник за сите нас за подадената рака од хуманите луѓе и за тоа што се направи светот за нас во тие тешки и трагични моменти.

Извор Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.