МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Објавил: Перо Милчин | 8 јуни, 2019 11:24

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје, поради меѓународен спортски натпревар!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во организација на спортски триатлон клуб Триоги рејсинг Скопје, утре во во времето од 08,30 часот до 12,30 часот ќе се одржи интернационален натпревар „Топси Триоги Триатлон“.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај во Град Скопје во утрешниот период од 07,30 до 12,30 часот ќе има посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“ од крстосница со булеварот „8-ми Септември“ до крстосница со улицата „Љубљанска“.

За сообраќај ќе биде целосно затворена коловозната лента која е во насока на движење од „Мида моторс “ спрема населбата Ѓорче Петров, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Меѓународниот спортски натпревар, во текот на утрешниот ден ќе започне со пливање во базенот „Карпош“, потоа ќе продолжи со возење на велосипед со старт од Вип Арена СЦ Борис Трајковски долж пристапната улица, десно по булеварот „Илинден“ до крстосница со улицата „Љубљанска“ каде се врти полукружно назад по истата коловозна лента на булеварот „Илинден“ до крстосница со булеварот „8-ми Септември“ и потоа назад кон ВИП Арена СЦ Борис Трајковски од каде ќе се започне со трчање долж тротоарот на булеварот „8-ми Септември“ десно по булеварот „Илинден“ до целта пред ВИП Арена СЦ Борис Трајковски, во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...