Рамазан е време за обожување на Бог. Муслиманите треба да посветат повеќе време и внимание врз следењето на исламските учења и да избегнуваат лоши мисли и нерелигиозни разговори.

Објавил: Владо Марин | 23 април, 2020 16:19

Утре почнуваат Рамазанските пости: Еве што значат!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Утре муслиманите во целиот свет ги почнуваат рамазанските пости. Еден од најбитните настани во текот на овој месец е постењето (савма).

Секој ден во текот на месецот Рамазан, Муслиманите низ светот стануваат пред изгревот на сонцето да јадат Сухоор, оброк пред зората, и обавуваат фаџар (fajr) молитва.

Сите мора да имаат завршено со јадење и пиење пред да започне повикот за молитва (езан) па сè до четвртата молитва од денот, магриб (залез). Муслиманите може да продолжат да јадат и пијат по залезот на Сонцето, па сè до следниот фаџар (повик за молитва).

Секој ден во текот на месецот Рамазан, Муслиманите низ светот стануваат пред изгревот на сонцето да јадат Сухоор, оброк пред зората, и обавуваат фаџар (fajr) молитва.

Рамазан е време за обожување на Бог. Муслиманите треба да посветат повеќе време и внимание врз следењето на исламските учења и да избегнуваат лоши мисли и нерелигиозни разговори.

Размислување и имање секс во текот на постот исто така се забранети. Насилството, освен ако тоа навистина е потребно е забрането исто така (Коран 2:187). Една од најважните карактеристики на месецот е чистотата на мислата и активностите.

Постот има за цел да го продлабочи искажување на почит и воспевањето на името на Бога, со што и самите верници стануваат поблиску до бога.

Единствено од постот може да бидат „оправдани“ старите, болните и безумните/лудите, иако првите две групи мора да дадат напор секојдневно да исхрануваат барем еден сиромашен верник. Исто така исклучок може да бидат бремените жени, жените во периодот на менструација и доилките.

Сите ги надокнадуваат деновите во кои не постат отпосле. Децата не се обврзани да постат, сепак многу деца се обидуваат да постат колку што е можно повеќе пати во текот на детството, во тоа им помагаат нивните роднини. На крај, патниците се исклучени од обврската на постот, но исто како и другите, по нивното патување мора да надокнадат за пропуштените денови на пост.

По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански бајрам, кој се смета за голем празник во исламот.

Почетокт на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.

Во дел од арапските држави постот е само во првите неколку дена во месецот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.