среда, 24 април 2024

MK/ EN/ DE



Претходно имаше некои рокади на министерски места, иако остана впечатокот дека и покрај најавите единствена голема промена е тоа што министерот за финансии Драган Тевдовски беше сменет, а на негово место Заев си се постави самиот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јули, 2019 10:43

Утре 20 директори ќе “летаат” од позициите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Почнува неделата во која комплетно ќе заврши процесот наречен „метла“. Премиерот Зоран Заев најави дека неделава, односно веќе утре ќе се знае и кои 20 директори ќе бидат сменети од позициите и кој ќе ги наследи во фотелјите, пишува Фактор.

Претходно имаше некои рокади на министерски места, иако остана впечатокот дека и покрај најавите единствена голема промена е тоа што министерот за финансии Драган Тевдовски беше сменет, а на негово место Заев си се постави самиот.

Нема многу конкретни информации кои директори ќе „летаат“ иако според информации на Фактор промени ќе има во клучните претпријатија во државна сопственост и тоа во двете енергетски. Сепак никој не ја потврдува оваа информација, освен што и таму веќе се зборувало дека ќе следуваат промени.

Директорските смени ќе бидат зааклучени, ако се суди по најавите веќе утре на редовната владина седница.

„Идната седмица мислам дека ќе завршиме со директорските места на централно ниво, остануваат замениците министри и остануваат директорските места во подрачните единици, и тука завршува самата реконструкција. Се работи за повеќе од 20 директорски места на централно ниво и веројатно повеќе од 30-тина на локално ниво, кај подрачните единици, замениците, дел од тие места се веќе испразнети, непополнети, кои секако ќе завршат во јули, рече Заев, минатата недела.

Инаку нему му истекува премолчаниот рок кои му го даде Антикорупциска и невладините дека поради тоа што е незаконски да биде избран за министер за финансии, треба да си замине од позицијата раководител во Министерството за финансии, односно да си најде човек кој ќе ја врши таа функција.

ДУИ не се произнесуваат за промените, иако велат дека се е во договор со коалициониот партнер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.