Жешка политичка пролет во најава во Србија

Објавил: Узунов Бобан | 18 март, 2019 9:38

Уцена до Вучиќ: До 15 часот да се ослободат притворените, во спротивно ќе се радикализираме

Фото/Текст извор: ©магазин

Денеска во 15 часот истекува ултиматумот што српските опозиционери и го дадоа на власта за ослободување на притворените за упадот во зградата на РТС.

Вчерашните протести завршија, откако лидерот на движењето Двери Бошко Обрадовиќ, кажа дека ќе почекаат да го видат одговорот на Вучиќ, а потоа ќе ги соопштат следните чекори кои би биле порадикални. 


Кој е Бошко Обрадовиќ ? По потекло е од Враниќ, село покрај Чачак, се школувал во Белград каде на Филозофскиот факултет студирал србистика. Во текот на студиите во 1999 со двајца колеги го почнува списанието Двери српске кое со време ќе стане еден од водечките магазини за национална култура. 

Од тој круг во 2003 година основано е и здружението Српски сабор Двери, една од најактивните и најгласни организации во Србија чии главни насоки се национализмот, евроскептицизмот и антиглобализмот.

Една година претходно Обрадовиќ дипломирал на темата „Милош Црњански и новиот национализам“, за потоа да работи во издаваштво, да објави неколку книги и стотици текстови на темата на српскиот национализам. Двери се спротивставија на независноста на косово, го негираа геноцидот во Сребреница а особено се истакнуваа со своите активности против геј-парадите кои тие години се одржуваа во Белград во речиси опсадна состојба.


На вчерашното обраќање пред јавноста Вучиќ изјави дека Србија ќе го заштити својот народ, доколку тие што треба да го чуваат не ја завршат таа работа“, кажа тој.

По повод упадот на демонстрантите и дел од опозицијата во зградата на РТС, претседателот на Србија кажа дека државата со месеци молчела, но дека нема да дозволи некој со насилство да загрозува кого било.

Вучиќ во обраќањето повеќе пати Обрадовиќ го нарече „фашист“, а лидерите на опозицијата Вук Јеремиќ и Драган Ѓилас ги нарече „тајкуни“.

Претседателот на Србија повеќе пати кажа дека не е уплашен и ги замоли граѓаните на Косово „да не доаѓаат во Белград“ да го бранат.

Српскиот претседател случувањата во РТС ги спореди со случувањата од 27 април во македонското собрание. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести