Измените и дополнувањата се речиси идентични во двата закона и се однесуваат на организирање на наставата во вонредни околности – кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 септември, 2020 11:15

Учебната година наместо 9 може да трае 6 месеци?

Фото/Текст извор: ©360 степени

На денешната собраниска седница ќе се дискутира за измените и дополнувањата на законите за основно и средно образование. На дневен ред на новиот собраниски состав се овие два законски текста се први, а Владата предлага да се донесат по скратена постапка.

Измените и дополнувањата на овие два закони со кои се регулира задолжителното образование во земјава, пренесува порталот 360 степени се поттикнати од ковид-кризата поради која последните месеци од претходната учебна година основците и средношколците ги минаа во импровизирано онлајн учење. Бидејќи тој систем принудно беше воведен поради избивањето на пандемијата, за оваа година, која започнува со еден месец задоцнување, се работи на единствена национална платформа за онлајн-настава која ќе биде унифицирана за сите училишта и ќе биде промовирана наскоро.

Измените и дополнувањата се речиси идентични во двата закона и се однесуваат на организирање на наставата во вонредни околности – кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди.

Според предложените измени, во вакви услови учебната година може да започне и да заврши и во време различно од она што  е законски предвидено (180 наставни дена), односно не помалку од 100 наставни дена, за што одлучува Владата, и таа одлука може да биде за целата територија на државата или на нејзин дел. Исто така, во вакви услови се спроведува и скратен час.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести