Хазби Лика дозволи ученици да тргнат во школо кое е изгорено до темел, иако вети негова брза санација по пожарот од пред една година?

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 15:09

Учениците од Ново Село го дочекаа 1-ви септември со изгорено училиште, родителите протестираат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Учениците од Ново Село го дочекаа 1-ви септември со изгорено училиште. Помина повеќе од една година откако училиштето во Ново Село во општина Боговиње го зафати огнот.

Оттогаш, ниту министерството па ниту општина Боговиње не презеле мерки за поправање на школото.

Денес родителите на учениците од ова село протестираа барајќи да се преземат мерки за да се изгради училиштето за учениците да продолжат да учат во нормални услови.

“Денес ние протестираме, ова  училиште имаше 200 ученици и нема каде да се продолжи со наставата се додека не се изгради, ние нема да дозволиме да се продолжи со лаги. Ние денеска ќе разговараме и со министерот за образование кој треба да дојде во 15.00 часот и од него ќе побараме веднаш да се започне со изградба на училиштето”, изјави родител кој вели дека ќе продолжи да протестира.

Инаку пред една година ова училиште го посети  вицепремиерот Хазби Лика, кој што вети дека ќе се преземат мерки за изградба на училиштето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...