Во Паркот Жена борец во центарот на Скопје о секој момент треба да започне втората по ред Парада на гордоста, која се одржува под мотото „Вон ѕидовите“.

Објавил: Владо Марин | 26 јуни, 2021 12:41

Учесниците на Парадата на гордоста порачуваат: Доста е криење!

Фото/Текст извор: ©360

Паркот е преполн со учесниците кои ќе маршираат низ центарот на градот, покрај Владата, до градскиот парк!

Во Паркот Жена борец во центарот на Скопје о секој момент треба да започне втората по ред Парада на гордоста, која се одржува под мотото „Вон ѕидовите“.

Паркот е преполн со учесниците кои ќе маршираат низ центарот на градот, покрај Владата, до градскиот парк.

Се пишуваат трансперенти, а на оние кои може да се видат е пораката: „Доста е криење“.

Денеска во Скопје ќе се одржи втората Парада на гордоста што ја организира Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

 Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество, се вели во соопштението испратено до јавноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани