Потрага по квалитетен и економски стабилен живот

Објавил: admin@magazin | 27 март, 2019 11:20

Училишните клупи „зјаат“ празни, странство е подобра опција

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Многубројни се македонските училишта од каде децата се испишуваат и заминуваат во странство, заедно со родителите. Дел од учениците веќе заминале, а некои допрва најавуваат дека ќе го прекинат школувањето во Македонија, пишува Фактор.

Во селото Скудриње во Западна Македонија, основното училиште „Блаже Конески“ во 1996 година имало 580 ученици, а денес има 162 ученика. Директорот Зурат Куртоски, кој 40 години работи во образование ги наведува овие бројки како пример за тоа колкав е одливот.

„Оваа година заминаа 5 ученици, од октомври наваму, а за следната година уште 5 ученици ќе си одат, тоа родителите ми го најавија. Колку има ненајавени што ќе заминат, не знам, навистина тоа е штета, вели тој.

Куртоски вели дека тој бран не може да се спречи. 90% од нив одат во Германија или Италија. Скудриње има индустриски погони, егзистенцијата не е загрозена, но луѓето бараат подобар живот“,

Од основното училиште „Благој Кирков“ од Велес за Фактор.мк велат дека секоја година по неколку ученици го прекинуваат образованието од истите причини.

Во селото Моноспитово, струмичко каде функционира основното училиште „Борис Трајковски“ објаснуваат дека сега имаат стагнација со одливот на деца.

Aлармантно е во малото гратче Пехчево, во Источна Македонија.

„Оваа година ни се испишаа 2 деца, а во јуни откако ќе заврши учебната година ќе се иселат уште 4 деца. Тие ќе одат во Германија.  Кај нас е ова алармантно, затоа што ние изгубивме многу деца. Од 521, сега имаме 306 деца“, вели Добрила Јовевска, директорка на основното училиште „Ванчо Китанов“.

Во „Браќа Миладиновци“ во Пробиштип скоро се испишале 5 деца, од две семејства, односно едно семејство со три, и друго со две деца заминале надвор од државата. 

Претходно медиумите пишуваа и дека сериозен одлив има и во кумановското училиште „Бајрам Шабани“. Таму за пет години во клупите има осумдесет и еден ученик помалку. Само оваа учебна година надвор од земјава ќе заминат 15 ученици, а некои веќе се иселиле.

Основсна причина за преселба е економската ситуација, но родителите се селат затоа што сакаат нивните деца да живеат во средина каде има поквалитетен живот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...