Следен неработен ден е идната недела на 14. јуни.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јуни, 2019 10:31

Уште еден продолжен викенд- Ова е следниот неработен ден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По вчерашниот неработен ден за празникот Бајрам кој е државен празник, набрзо следува уште еден празник, а со тоа и уште еден продолжен викенд.

Следен празник е идната недела

Следен неработен ден е идната недела на 14. јуни. Се работи за петок, ден Духовден, кој е исто така неработен ден. Бидејќи е во петок па потоа со викендот се добиваат три слободни дена. Ова се неработните денови до крајот на годината: За сите граѓани на РМ

02 август (петок), Ден на Републиката
08 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
11 октомври (петок), Ден на народното востание
23 октомври (среда), Ден на Македонската Револуционерна Борба
08 декември (недела), „Св. Климент Охридски“ односно 09 декември (понеделник) е неработен ден
За граѓаните од православна вероисповед

14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед

01 ноември (петок), Празникот на сите светци
25 декември (среда), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед

11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

09 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести