Нов скандал на Американскиот претседател на социјалните мрежи. Трамп никому не останува должен.

Објавил: admin@magazin | 20 ноември, 2018 18:22

Уште еден “твитер” скандал на Доналд Трамп

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Повторно невиден скандал на “Твитер” предизвика Американскиот претседател Доналд Трамп, кон најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс, после неговото интервју на Си-ен-ен.

Доналд Трамп е активен на социјалните мрежи и изгледа тоа му причинува големо задоволство.Тој е скоро секој ден активен на Твитер и многу вешто знае да ги искритикува сите луѓе,кои ќе му се најдат на патот.Еден од нив е и познатиот светски кошаркар Леброн Џејмс кој се најде на “твитер” листата на Трамп. Како што јавуваат Американските медиуми славниот кошаркар,претходната недела отворил училиште за сиромашни и многу проблематични деца, во својот роден град Екрон во близина на Кливленд.

Познатиот светски кошаркар Леброн Џејмс меѓу најголемите критичари против политиката на Трамп.

Исто така и тој е познат на Американските медиуми како голем критичар на познатите личности.Веднаш после отворањето на училиштето во интервју за Си-ен-ен, го критикуваше претседателот Трамп, на кој сега и тој не му остана должен,и веднаш му напиша на социјалните мрежи, и во свој стил ја возбуди Американската јавност.

„Леброн Џејмс беше интервјуиран од најглупавиот човек на телевизија, Дон Лемон. Тој направи Леброн да изгледа паметно, што воопшто не е лесно да се направи. Мене ми се допаѓа Мајк“, напиша Трамп.

Тој со еден негов Твит успеа да го навреди славниот кошаркар Леброн Џејмс, исто така и новинарот и дека во дебата за најдобар кошаркар на сите времиња, тој навива за Мајкл Јордан, со што уште еднаш го привлече вниманието на јавноста ширум светот.

Да се потсетиме дека Леброн е многу голем критичар за работата на претседателот Трамп, и во секоја прилика јавно го критикува Американскиот претседател. Што ќе биде наредниот скандал на Американскиот претседател Трамп, останува да видиме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.