Колку херојски беше нивниот подвиг говори дотрошеноста на Игор Карачиќ на крајот од натпреварот.

Објавил: Перо Милчин | 2 јуни, 2019 10:03

УШТЕ ЕДЕН ХЕРОЈ НА ВЕЧЕРТА: Карачиќ играл со 39 температура!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Ракометарите на Вардар вчера го оставија срцето на терен, за да го направат овој чудесен пресврт во полуфиналето со Барселона.

Вардар со неверојатна игра во второто полувреме вчера ја победи Барселона, а македонскиот тим се врати од седум голови негатива. Денеска во финалето со Веспрем, нашите шампиони ќе се борат за шампионската титула.

Колку само херојски беше нивниот подвиг говори дотрошеноста на Игор Карачиќ на крајот од натпреварот.

„Три дена тренирам со 39 температура, не знам можеби дехидрација е во прашање. Не знам што е. Некаде околу 50. минута почувствував грчеви на двата листа и на крајот на шут едноставно ме пресече. Ќе видам што е кога ќе отидам во болница“, објасни Хрватот.

Игор Карачиќ е хрватски ракометар кој настапува за РК Вардар и Ракометнта репрезентација на Хрватска.

Неговиот постар брат Иван Карачиќ настапува за Босна и Херцеговина, додека неговиот помал брат Горан Карачиќ е фудбалски голман и настапува за националниот фудбалски тим под 21 година во Босна и Херцеговина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...