Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

Објавил: Узунов Бобан | 14 февруари, 2019 7:10

Уште едно лице им подлегнало на повредите, бројката на загинати се искачи на 14

Фото/Текст извор: ©магазин

Расте бројот на семејства завиени во црно. Уште едно лице им подлегна на повредите од стравичната сообраќајна несреќа што се случи вчера, околу 17 часот, на автопатот Скопје – Тетово, кога автобус излетал и се превртел кај селото Ласкарци. Бројот на жртви се проценува дека уште ќе расте бидејќи повредените во болниците се во животна опасност.

Седум од вкупно 50те патници колку што се возеле со автобусот, починале на лице место, а во моментот петмина се борат за живот во „8 Септември“ и старата Градска болница во Скопје. Меѓу повредените има и една бремена жена. 

Полицијата се уште не излегла со официјлани информации за причините за несреќата, ќе се врши и вештачење на автобусот во Машинскиот факултет

Автобусот е во сопственост на компанијата „Дурмо турс“, и во моментот имало 50 патници. А според првичните информации од увидот на Основното јавно обвинителство Скопје, несреќата се случила кога „автобусот со гостиварски регистарски таблици движејќи се во правец кон Тетово преминал преку заштитната ограда на спротивната страна од автопатот, потоа ја пробил и другата банкина, излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци“.

Денеска и утре се денови на жалост, општина Гостивар од каде што биле мнозинството патници денеска треба да прогласи тридневна жалост. Од ОЈО велат земена е првична изјава од возачот, но таа ќе се проверува, а е издадена е и наредба за анализа на крв и урина.
Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на починатите лица, која се изведе синоќа на Институтот за судска медицина. Идентитетот на загинатите ќе се соопшти откако првин ќе бидат известени семејствата.
Денеска се очекуваат нови информации од министерството за здравство и од надлежните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.