Гордана Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил преку статус ја коментира целокупната ситуација во земјата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 октомври, 2019 10:36

Уште на претседателската трка СДСМ знаеше за „Рекет“- Силјановска Давкова остро кон власта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорката Гордана Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил преку статус ја коментира целокупната ситуација во земјата. Таа во статусот вели дека всушност владејачката партија за случајот Рекет знаела од многу поодамна.

Силјановска беше и министер без ресор од 1992 до 1994 година во првата влада која како премиер ја предводеше Бранко Црвенковски. Година претходно била и член на Уставната комисија на Собранието на Република Македонија во 1991 година која презеде значајни чекори во независноста на земјата.

А, владеењето на правото? За нив е тоа реторичка фигура. Тие не признаваат никакво меѓународно право, дури и кога предаваат за него. Кога јас, за време на претседателската трка, говорев за политика во границите на правото, тие ме обвинуваа за идеализам. Јас се повикував на Кант, а тие на Тукидит. Сега знам зошто. Уште тогаш знаеле за „ Рекет“, па јас им делував како Санчо Панса, или Дулчинеа во нивната реал политика. Значи, макијавелистички се бореле за опстанокот, напиша на Фејсбук, Гордан Силјановска Давкова.

За потсетување Гордана Силјановка Давкова беше еден од тројцата кандидати за претседател и остана во потесната трка во вториот круг каде победи сегашниот претседател Стево Пендаровски.

Таа е редовен професор на правниот факултет во Скопје, во Институтот за правни и политички науки. Автор е на над 200 научни трудови од областа на уставното право, како и член на бројни домашни и меѓународни институти и правни асоцијации.

Професорката по уставно право во жестоката 2014 година која ја одбележаа протестите на студентите, беше еден од најистакнатите членови на професорскиот пленум во обид да ја одбрани автономијата на универзитетот кога се носеше спорниот Закон за високо образование. Таа беше дел и од протестот на професорите пред Собранието каде одржа одличен говор зошто предложеното законско решение е погрешно, ја критикуваше затвореноста на министерството за образование кое не ги консултираше експертите, а не се сложуваше ниту со недостигот на концепт како да се развива факултетското образование.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.