Новитетот на УЈП ја разбранува јавноста, откако најавидека дека и пензионерите ќе треба да седнат пред компјутер и електорнски да ги пријават своите примања, граѓаните со револт

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 септември, 2018 15:36

УЈП не се откажува од новата мерка за електронска даночна пријава за сите вработени и пензионери

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Дел ја поздравуваат оваа реформа, но за поголемиот дел, новината е збунувачка. Пензионерите велат тешко ќе им оди работата со компјутери.

Од УЈП смируваат. Намерата на Управата не е да казнува, уверува директорката. Првата година нема да има казни со оглед на фактот што станува збор за реформа, но сепак законски тоа е предвидено.

Лукаревска го одбегна прашањето колкави се казните, но им порача на пензионерите да не стравуваат. Со мобилните даночни шалтери УЈП ќе оди и до најоддалечените места и ќе ги посетува граѓаните.

Лицата пак, кои немаат интернет вештини или воопшто немаат пристап до новите технологии  ќе може да ополномоштат и друго лице за нив да ја врши работата.

Според новите правила, до крајот на годинава, сите граѓани кои оствариле каков било приход мора да се регистрираат за електронска годишна даночна пријава и таму да ги внесат своите примања.

Регистрацијата е на системот е-персонален данок. Барањето за регистрација потоа треба да се поднесе на шалтерите на Управата. Електорнски граѓаните ќе треба да се регистрираат само еднаш.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести