Листа на должници според УЈП

Објавил: Стефан Каневче | 13 мај, 2019 0:19

УЈП објави нова листа на должници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави петтата Листа на должници за долгови доспеани до 31.01.2019 и неплатени до 30.04.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжителни социјално осигурување, акцизи и царини.

Вкупно објавениот нето долг изнесува 8.700.077.184 денари, што е за 817.171.580 денари помалку од претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 8.569.230.137 денари, што е за 807.747.529 денари помалку од претходната листа, додека долгот за царински давачки е 130.847.047 денари, што е за 9.424.051 денари помалку од претходниот месец.

На оваа Листа на должници се најдоа 1.934 правни лица како должници, што е за 75 повеќе од претходниот месец и 2.409 физички лица, што е за 183 повеќе од претходната листа.

Физичките лица и самостојни вршители на дејност што се наоѓаат во оваа листа имаат долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица тој надминува 300.000 денари.

УЈП со важна информација- Што се прави годинава со даночните пријави

Со новиот начин на доставување на Годишната даночна пријава на граѓаните им е овозможено да учествуваат во постапката за утврдување на персоналниот данок, во соработка со Управата за јавни приходи, велат од УЈП.

– Граѓанинот, доставената Годишна даночна пријава треба да ја провери, од аспект на точност на прикажаните податоци во корелација со примените годишни приходи од земјата и странство. Доколку истите се соодветни, односно одговараат на реално остварените приходи, граѓанинот може да ја потврди Годишната даночна пријава, но може и да не постапи по неа. Доколку не ја потврди Годишната даночна пријава, службено ќе биде потврдена, наведуваат од УЈП.

Управата за јавни приходи во 2019 година прв пат до граѓаните доставува претпополнети Годишни даночни пријави за 2018 година по електронски пат, како дел од реформата Поедноставување на процедурите за пресметување и пријавување на персонален данок на доход. Оваа реформа, како што и е насловена, има за цел да обезбеди поедноставни процедурите за пресметување и пријавување на персонален данок на доход, намалување на турканиците, заштеда на време, пари и ресурси, како и повисоко ниво на услуги кон граѓаните

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.