Од опозициската партија додаваат дека граѓаните тонат во сиромаштија, платите не растат а и нема нови инвестиции.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јуни, 2019 16:45

“УЈП при собирање на данокот има 3 милијарди денари дупка во буџетот”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СДСМ не може да го оспори фактот дека македонската економија пропаѓа, реагираат oд опозициската ВМРО.

СДСМ и Зоран Заев не може да сокријат од јавноста дека за рок од 5 месеци има буџетска дупка од 3 милијарди денари.СДСМ и Зоран Заев треба да одговорат на јавноста на што се должи толкаво потфрлање, дупка во полнењето на буџетот на име на собрани даноци во висина од 50 милиони евра, стои во соопштението на ВМРО.

СДСМ не може да го оспори фактот дека македонската економија пропаѓа

Од опозициската партија додаваат дека граѓаните тонат во сиромаштија, платите не растат а и нема нови инвестиции.

Оваа дупка во буџетот преставува вовед во нов економски иден шок, нови потреси во државата, нови отежнувања на животот на граѓаните кои тонат во сиромаштија.Потфрлањето на Владата и на УЈП, 50 милиони евра разлика од планираното и реализираното даночење е показател дека економијата не цвета, а Македонија не блеска, платите не растат, економската активност е намалена и дека нема нови вистински инвестиции.

Од опозицијата велат дека доколку тие дојдат на власт на следните избори ќе се врати рамниот данок, но и ќе се стабилизира економијата.

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека кога ќе се врати на власт, ќе го врати рамниот данок и веднаш ќе се намали акцизата на горивата, како приоритетни економски зафати за стабилизирање на македонска економија.

На денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски рече дека македонската економија пропаѓа, потфрла планираното полнење на буџетот со даноци, за пет месеци годинава недостасуваат, односно има буџетска дупка од 3 милијарди денари. 

-УЈП при собирање на данокот има три милијарди денари дупка, три милијарди денари помалку пари во буџетот за граѓаните, три милијарди денари помалку од планираното на економскиот тим, на економското цунами – Заев, Анѓушев, Тевдовски! УЈП и Владата немаат одговор на што се должи толкаво потфрлање, дупка во полнењето на буџетот на име на собрани даноци во висина од 50 милиони евра, што е пак вовед во нов економски иден шок наскоро, нови потреси во државата, нови отежнувања на животот на граѓаните кои тонат во сиромаштија. Потфрлањето на Владата и на УЈП, 50 милиони евра разлика од планираното и реализираното даночење е показател дека спротивно на лагите на Заев, на Тевдовски и на Анѓушев, економијата не цвета, а Македонија не блеска, дека платите реално не растат, економската активност е намалена и дека нема нови вистински инвестиции.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести