Како пто објави порталот фактор.мк

Објавил: Узунов Бобан | 27 јуни, 2019 9:15

УЈП ја блокираше сметката на телевизијата 1тв ?

Фото/Текст извор: ©faktor.mk/магазин

Управата за јавни ја приходи ја блокирала сметката на 1 ТВ, дознава „Фактор“. Веста засега не е потврдена, но според информациите до кои дојде „Фактор“, сметката даночниците ја блокирале уште вчера. Нашата редакција утрово побара одговор од УЈП,  дали и зошто е блокирана сметката на телевизијата на Бојан Јовановски или попознат како Боки 13. 1 ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година, година и половина подоцна телевизијата се соочува со блокирана сметка. 

Инаку, на отворањето на телевизијата присуствуваше речиси цела Влада. “Нова платформа, нов медиум -беше официјалната најава за телевизијата, а од новинарските имиња кои се во телевизијата се познатите – Ацо Кабранов, Анета Кочишки, Гордана Дувњак, Александар Чомовски, Борјан Јовановски, Јадранка Костова и други. 

„Македонски инсајдер“

Телевизијата од самото отворање ја следеа неколку афери. Највпечталива беше онаа со долгонајавуваниот истражувачки проект насловен како „Македонски инсајдер“. Околу оваа емисија на 1ТВ во јавниста се крена многу прашина.  Првично поради сензационалистичките најави на епизодите, заканите и обвинувањето за „рекет“, а потоа и поради нејаснотиите дали станува збор за лиценцирана емисија. Тогаш, бизнисменот Зоран Азманов на прес-конференција го обвини Бојан Јовановски дека се обидел да му изнуди 50.000 евра или стан токму во врска со емисијата.Телевизијата тогаш ги демантираше обвинувањата и најави тужба.

Меѓународен сојуз за цивилно општество

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 во јуни 2017 година, пред отворањето на телевизијата го стартуваше проектот „Меѓународен сојуз“ за цивилно општество и социјално загрозени категории. Тогаш потенцираше дека финансиската добивка како претседател ќе ја донира секаде каде што е потребно. 

Првиот проект на Меѓународниот сојуз беше насловен како „Стоп за деца на улица”, со изградба на центар за заштита. Инаку, на конститутивната седница на меѓународниот сојуз тогаш присуствуваа пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, заедно со пратеникот Стефан Богоев,амбасадорот Чарлс Гарет, водителките Лила Филиповска и Јована Стојменовиќ, заедно со видни јавни личности. Меѓу членовите на Собранието тогаш беа забележани и имињата  Јованка Кухар, Сашко Коцев, Жарко Димитриевски, Коста Костадиновски, Иџет Мемети.За почесен претседател на овој сојуз беше избрана поранешната министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, која практично е присутна скоро на секоја прослава на Јовановски, судејќи по фотографиите кои Боки 13 ги објавува по социјалните мрежи. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести