Додека сопственикот на „Дрим Билдинг“ Ардијан Амзоски беше во Обвинителството за гонење организиран криминал каде даваше исказ во својство на лице од кое можат да се добијат потреби известувања, во неговата фирма влегоа инспектори на УЈП кои вршат контрола на финансиските трансакции поврзани со случајот „Рекет“, пренесува Сител.

Објавил: Весна Петровска | 3 септември, 2019 19:14

УЈП ја тресеше фирмата на Амзоски – се чешлаат трансакциски сметки

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Продолжува распитот на бизнисмени за случајот “Рекет” кои исплатиле пари на Меѓународниот сојуз на Боки 13. Денеска во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција исказ даваа сопствениците на компанијата “Дрим билдинг” од Струга. Од обвинителството велат дека исто како и Силјан Мицевски вечера, така и Ардијан Амзоски и Ресул Лога од струшката фирма не биле повикани како сведоци, туку како лица кои треба да дадат потребни известувања.

Ардијан Амзоски на распит во обвинителството за „Рекет“- утре на распит Фросина Ременски

Додека сопственикот на „Дрим Билдинг“ Ардијан Амзоски беше во Обвинителството за гонење организиран криминал каде даваше исказ во својство на лице од кое можат да се добијат потреби известувања, во неговата фирма влегоа инспектори на УЈП кои вршат контрола на финансиските трансакции поврзани со случајот „Рекет“, пренесува Сител.

Неофицијално, се испитува договорот склучен меѓу оваа компанија и Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски и каде завршиле парите.

Се врши контрола на работењето на фирмата од 1.01.2017 до 31.08.2019 година.

Името на Амзоски се поврзуваше со Бојан Јовановски на чија сметка префрлил 261.853 евра за изградба на старечки домови.

Откако зделката пропаднала, Амзоски поднел тужба за да си ги врати парите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести