УЈП ја започна постапката за оценка на економската моќ на најголемата верска заедница, особено по скандалот со земјиштето спроти Холидеј Ин, вредно 3 милиони евра

Објавил: Мартин Попоски | 14 декември, 2018 7:16

УЈП ќе ја “чешла” МПЦ – ОА, за две декади поднела една завршна

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

MПЦ – ОА не е над и надвор законите па УЈП отворила постапка за даноците во 2018 година, а се однесува на утврдување на фактичката состојба т.е. дали плаќа даноци што е обврска на сите правни и физички лица.

Процедурата на УЈП започнува со анализа на даночните исполнувања на обврските кон државата. Доколку се увидат нерегуларности и злоупотреби во МПЦ, ќе следи инспекциска контрола во соработка со другите надлежни институции, Финансиска полиција, Финансиско разузнавање, Обвинителство, МВР.

Во целокупната процедура, доколку се увидат финансиски малверзации, би биле вклучени и Катастарот и Централниот регистер, од каде би се црпеле информации за имотната состојба на МПЦ – ОА, за вработените, пријавување на имотот, како и на останатите добра, потоа плаќање на даночните обврски кои се однесуваат и на имотот, платите и останатите приходи, како и целосната финансиска слика, која би ги дала сите информации и детали за состојбите во Црквата, но и генерално, нејзината финансиска моќ.

Најновите документи на Централниот регистер покажуваат дека МПЦ – ОА не поднела годишна сметка во периодот од 2001- 2006 година, додека за периодот од 1992- 2000 година Централниот регистар на РМ не располага со податоци.

Централниот регистер на Македонија е формиран 2006 година, но податоците од претходните години постојат, преземени од претходната институција, Заводот за платен промет, што значи дека постои архива на претходните години, наследена од претходната инситуција.

Според документот, МПЦ – ОА цели пет години не пријавила Завршна сметка, а во него пишува дека тоа последен пат го направила во 2012 година и до денес нема пријавен завршен биланс.

Непријавување на завршна сметка после две години повлекува бришење од Централниот регистер,  а надлежна институција за дејноста и функционирањето на МПЦ – ОА е Основниот суд.

МПЦ – ОА за 11 години пријавила само една завршна сметка

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.