Назан има богата актерска кариера и до сега има играно во околу 20-тина серии и исто толку театарски и филмски улоги.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 април, 2019 19:54

Фазилет во познатата серија е многу сиромашна, но во приватноста таа вреди милиони

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата турска актерка Назан Кесал, која на гледачите им е позната по улогата на Фазилет од серијата „Ќерките на Фазилет“ која во моментов се емитува на Сител Телевизија.

Назан има богата актерска кариера и до сега има играно во околу 20-тина серии и исто толку театарски и филмски улоги.

Има 50 години и се уште е една од најбараните актерки во Турција. Веднаш по завршувањето на снимањето на серијата „Ќерките на Фазилет“, Назан, започнала со снимање на нова серија насловена „Halka“.

Хазан во вистинскиот живот е мајка на Појраз

Ќерќите на Фазилет е всушност филм каде, Назан, ја игра улогата на сиромашна мајка, која сака богато да ги омажи своите ќерќи по секоја цена, а нејзината најголема поддршка на патот до богатството е всушност нејзината помлада ќерка во серијата, Еџе. Во едно од своите магазински интервјуа, Назан проговори дека во секоја една мајка се крие по една Фазилет, иако тоа веројатно нема да им се допадне на многумина од гледачите.

Инаку оние кои ја следат популарната серија знаат дека во неа Фазилет е сиромашна, но во реалноста богатството на Назан се проценува околу милион ипол долари на годишно ниво.

Со оглед на тоа дека има многу богата кариера, парите во приватноста не се некој голем проблем за неа. Назан во вистинскиот живот е во брак со Ерчан Кесал и во 2006 година го доби синот по име Појраз, од кој многу ретко објавува фотографии.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.